Балкан
5. January 2018 - 12:36

Пацоли: Косово наскоро ќе подготви апликации за Интерпол и Советот на Европа

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека Косово наскоро ќе биде подготвено да аплицира за членство во Советот на Европа и во Интерпол.

Според весникот „Зери“, Пацоли подготвил работна група која ќе ја подготви апликацијата за членство во Советот на Европа.

Меѓу 11-те членови на групата има и претставници на невладиниот сектор и експерти.