-->
-->
Пациентите со стома бараат поедноставна процедура за добивање на помагалата
-->

Поедноставување на административната процедура за подигнување на помагалата - ќеси што им се неопходни на пациентите со стома и треба да бидат со подобар квалитет, бара Националното здружение на лица со стома „Илко Македонија“.
Елвира Мекиќ, ентеростома терапевт од Клиниката за дигестивна хирургија, денеска на прес-конференција која ја организираше Здружението по повод 3 октомври, Меѓународен ден на лица со стома, рече дека треба да се обезбедат повеќе средства во Фондот за здравствено осигурување и да се обезбедат поквалитетни ќеси за овие пациенти.
Абдоменалниот хирург од Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека во моментов се во фаза на формирање на стома центар како Клиника каде во најголем процент се извршуваат овој тип оперативни зафати.
- Кога би зборувале за честото појавување особено за три проценти годишно зголемување на стапката на креирани стоми, тоа најмногу се должи на онколошката колоректална хирургија, додаде Костовски.
Од Здружението информираа дека во Македонија има над 1.750 стома пациенти, од кои околу 1.500 се со коло и илеостома, а околу 200 со уростома. Во овие категории на болни има и бебиња и мали деца.
Стома е отвор кој се изведува на предната страна на стомакот со хирушка интервенција. Отворот заменува дел од дигестивниот или уринарниот систем кај пациентите кои овие физиолошки потреби не можат да ги извршуваат по нормалнен пат. Стомата треба да помогне во подобрување на здравствената состојба, да овозможи излекување од одредени болести и да го подобри квалитетот на животот на пациентот.
Мотото на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со стома годинава е „Низ животот не одиме сами - подобар квалитет на живеење“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
