Пациент го нападна персоналот на Токсикологија
Пред 10-тина минути на клиниката за Токсикологија во склоп на клиничкиот центар во Скопје, пристигнал пациент во алхохолизирана состојба. Медицинскиот персонал веднаш излегол во пресрет и почнал со вообичаените процедури за да му помогне на лице кое се наоѓа во ваква состојба. Но, се би било во ред доколку одеднаш пациентот не започнал да ги бутка сестрите, да се кара и да упатува погрдни зборови кон докторите на смена, едноставно се однесувал недолично, пишува Здравство.мк.
Подобро упатените и очевидците на овој настан сведочат дека ниту имало кој да ги заштити медицинскиот персонал и вработените, ниту некој се појавил во нивна одбрана, туку тие самите на свој начин, како и секојпат претходно до сега пробале да се истргнал од рацете на пациентот и да го стават во состојба на контрола. После 10 минутна драма пациентот конечно се смирил, престанал со буткање на сестрите и докторите, престанал со пцовки и недоличен говор и успеале да му пружат медицинска помош како што доликува во ваква ситуација.
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
