-->
-->
Овој модел го направи незамисливото - Поради тоа изгуби илјадници следбеници на Инстаграм!
-->

Моделите, како и другите познати личности се изложени пред будните очи на јавноста, па нормалните животни активности мораат да ги спроведуваат во тајност за да не бидат осудени. Меѓутоа, само малкумина се осмелуваат со луѓето од социјалните мрежи да го споделат својот секојдневен живот без да се плашат од нивните реакции.
Стина Сандерс, професионален модел, се одлучила да го направи она што се смета за маркетинг самоубиство. Пред неколку месеци, започнала да објавува свои вистински, нефилтрирани фотографии, кои ја откриваат како „обичен“ човек, пишува „Independent“.
Се случило она што многумина го предвидувале и речиси веднаш загубила околу 5 илјади следбениви на Инстаграм. Следбениците и дале до знаење дека немаат намера да гледаат како ги отстранува влакната над усните, како ги сече ноктите, нејзиниот проблем со акните на грбот и како се буди ненашминкана секое утро.

Сепак, Стина не се откажала од својот експеримент. Бројот на следбеници постојано почнал да се зголемува, бидејќи приказната за нејзиниот експеримент се проширила на Интернет. Луѓето започнале да ја препознаваат искреноста и ја поддржале нејзината храброст во надминувањето на табуата за манекенките и моделите.

- Кога сте модел, многу луѓе внимаваат кога контактираат со вас. Сакам да мислам дека го скршив тој стереотип, и дека им докажав дека никој, вклучувајќи ги и моделите не се совршени. Се чувствувам многу подобро од кога не морам да се преправам нешто што не сум, - објаснила Стина.

Иако ја постигнала својата цел, подигање на свеста за обичноста на јавните личности, Стина нема намера да запре, таа ќе продолжи со објавување на фотографии колку и да не им се допаѓа тоа на другите.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и пратеник
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдени 300 грама марихуана и засадено стебло канабис
-
Од 1 јануари Србија ќе воведе национален данок на CO2
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за дивите депонии во Вардариште
-
Кривична за злоупотреби и малтретирање против две сопственички на приватни установи за сместување стари лица
-
Уапсени двајца скопјани поради сомнение дека запалиле три возила во Аеродром
-
Спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките
-
Кампањата за Локалните избори во второ полувреме, партиите во трка за довербата на граѓаните