Овој месец ќе биде потпишана спогодбата за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство, најави премиерот

Овој месец ќе биде потпишана спогодбата меѓу Министерството за здравство и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство кое е второ по ред оваа година, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Владата, потсети премиерот, досега повеќекратно ги зголеми платите на медицинскиот персонал и на немедицинскиот персонал во здравството кои со тоа имаат веќе многукратно поголема основна плата од онаа во минатото.
-Тие многу пати не направиле горди во изминатите години, само да се потсетиме на првата трансплантација што беше извршена на срце во државата, па на трансплантациите што ги прават Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за урологија и тоа е нешто што нашата држава ја запишува во листата на држави кои прават најсофистицирани и најкомплицирани операции кои во многу држави не можат да се направат. Тие со тоа не направиле горди, а наше е да им возвратиме на сите доктори кои 24 часа на ден се посветени на сите пациенти, односно на сите нас, да им се заблагодариме и на тој начин да покажеме дека државата стои преку финансирање на се она што значи и повисоки плати, меѓутоа и обезбедување подобра опрема за нивното работење, подвлече Ковачевски по пуштањето на трите нови сали за интервентна кардиологија и радиологија во ГОБ „8-ми Септември“.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
