-->
-->
Оваа убавица ќе биде жена на Путин: Која е Алина Кабаева, која многумина ја гледаат како прва дама на Русија!
-->
На годишната конференција за медиуми на рускиот претседател Владимир Путин еден новинар поставил прашање: кога планира да се ожени? Ова прашање ги покренало приказните за венчавката на Путин со Алина Кабаева.Шефот на Кремљ се насмевнал и одговорил дека во иднина секако планира повторно да застане на лудиот камен.
Како пристојна личност, тоа ќе мора да го направам, порано или подоцна – одговорил Путин.
Светските медиуми сега пишуваат дека неговата наводна девојка Алина Кабаева(35) станува нестрплива и дека сака да знае кога тие двајца ќе се венчаат.
Кабаева е една од омилените жени во Русија, а таа повеќе од една деценија не е поврзана со ниту еден друг маж.
Се шпекулира дека Путин повеќе од една деценија е во врска со поранешната ритмичка гимнастичарка Алина, која сега е шефица на голема медиска куќа во Москва. Се зборува дека парот има и тајно семејство, што Кремљ категорично го негира.
Кабаева од 2014 година ја води Националаната медиска група, откако дала оставка на местото пратеник во рускиот парламент.
Алина ретко се појавува во јавност, а самата понекогаш сака малку да ги подгрее шпекулациите. Така во една прилика изјавила дека го пронашла мажот кој многу го сака, одбивајќи да го каже неговото име.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
