Оваа свадба го шокираше светот: Девојчињата плачат додека родителите со сила ги мажат

Потресна снимка од масовна венчавка на која родителите буквално ги влечат и туркаат малите деца во договорени бракови е снимена во Раџастан, на северот од Индија.
Договорените бракови со закон се забранети, но тоа не ги спречува родителите ширум Индија своите деца да ги венчаваат на овој начин.
Збунетите и расплакани деца се принудени да се држат за раце и да учествуваат во традиционалните свадбени обреди.
Посебно се вознемирувачки сегментите кога тинејџерка со покриено лице, која плаче под велот, буквално ја влечат и туркаат да се омажи и покрај тоа што девојчето се тетерави и дава отпор.
Исто така потресна е глетката кога петгодишно девојче облечено во традиционална црвена хиндуистичка венчаница и целата расплакана таткото ја води до младоженецот (11) исто така облечен во традиционална носија. Малечката плаче во текот на обредот.
Возрасните се сериозни и заангажирани, додека децата се расплакани. Оваа снимка дојде до полицијата, која го истражува идентитетот на родителите кои на овој начин го кршат законот.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја



