Ова се монструмите кои децата ги чувале во кафези полни со измет: Четирите деца биле изгладнувани, иако куќата била полна со храна - ужасни детали за злоставување
Двојка од Тексас е уапсена откако полицијата откри дека на монструозен начин се однесувале кон четири деца: две биле држени неухранети во кафези за кучиња, а другите две биле прекриени со измет.
Еддру Јосеф Фабиља и Пејџ Исабов Харкинг, двајцата на возраст од 24 години, се лишени од слобода и обвинети по четири точки од обвинението за загрозување на децата.
Харкинг исто така е обвинета за нанесување на тешки повреди на Фабиља, поради што полицијата морала и да реагира на имотот оддалечен неколку километри од Форт Ворт.
Како што се наведува, тие двајца четирите деца на возраст од една, три, четии и пет години ги држеле во неадекватни, нехигиенски и монстуозни услови. Според зборовите на шерифот двете најстари деца биле заклучени во кафези за оси, додека двете помали биле неухранети и прекриени со фекалии.
Она што е најбизарно во целиот случај на злоставување е тоа што децата на Харкинг, како и тоа што целата куќа била полна со храна која била под клуч и не им била достапна на децата.
„Во куќата имаше доволно храна, но таа беше заклучена и децата не можеа да дојдат до неа. Освен тоа, тие беа и жедни, па нашите офицери освен што ги нахранија, им дадоа и вода. Насекаде имаше валкана облека, душеци, ќебиеа, фекалии, урина, мачки, целата куќа беше апсолутно валкана“, изјави шерифот Лејн Акин, додавајќи дека се работи за три момчиња и едно девојче.
Кафезите во кои децата биле заклучени се наоѓале внатре во куќата, во спалната соба.
Несовесната мајка и нејзиниот партнер се наоѓаат во затвор, додека децата се сместени кај старатели каде се опоравуваат од траумите.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228