Ова е Законот за специјален обвинител кој го гласаат пратениците
Собранието на Република Македонија попладнево ја почна 68. седница на која се расправа по Предлог законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.
Предлог-законот е поднесен од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Горан Сугарески и Имер Алиу.
I ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДАТ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
Предлог законот се предлага заради уредувањето на надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на Јавното Обвинителсто за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (во понатамошниот текст Јавното Обвинителство), основите за именување и разрешување на Јавниот Обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и други прашања во врска со работата на обвинителството.
II ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА
Целта на предложенииот закон е целосно да го уреди прашањето за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.
Предлог Законот се заснова на следниве начела:законитост,автономија на Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство, хиерархија и субординација.
III ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
Одредбите од предлогот на Законот имплицираат финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија.
IV ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ, НАЧИНОТ НА НИВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ
Средставта за спроведување на законот ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија.
V ИТНОСТ ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН
Донесувањето на овој закон се предлага по итна постапка согласно членот 167 ставови 1 и 2 од Деловникот на Собранието на Република Макледонија
Предлог на закон
за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите
I.Основни одредби
Член 1
(1)
Со овој закон се уредуваат надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на Јавното Обвинителсто за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (во понатамошниот текст Јавното Обвинителство), основите за именување и разрешување на Јавниот Обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и други прашања во врска со работата на обвинителството.
(2)
За се што не е уредено со овој закон, ќе се применува Законот за Јавното Обвинителство и останатите позитивни законски прописи во Република Македонија.
(3)
Овој закон ќе биде во сила пет години од усвојување од страна на Собранието, и може да се продолжува за еднаш годишно со одлука донесена со двотретинско мнозинство од Пратениците.
II. Значење на изразите употребени во овој закон
Член 2
(1)
“Неовластено следење на комуникации” се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 Јули 2015.
(2)
“Јавен Обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите” е Јавниот Обвинител избран согласно член 3 од овој закон за истражување и гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (Во понатамошниот текст Јавниот Обвинител) согласно став (1) од овој член.
(3)
“Јавно Обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите” е Обвинителството со кое раководи Јавен Обвинител како што е дефинирано во став (2) од овој член, вклуечувајќи ги јавните обвинители избрани во ова Обвинителство, истражители, експерти, стручна и административна служба.
III. Избор на Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство
Член 3
(1)
На предлог на комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, без објавување на јавен оглас, го избира Јавниот Обвинител, со мандат од 4 години со право на повторен избор. Собранието ќе го утврди кандидатот за Јавен Обвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот на Јавни Обвинители на Република Македонија („Советот“).
(2)
Советот ќе го избере Јавниот Обвинител на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови.
IV. Услови за избор на Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство
Член 4
За Јавен обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
-
Да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија или нострифицирана диплома од странство
-
Да работи како или е пензиониран обвинител, судија, или адвокат со најмалку 8 години работно правно искуство во кривично-правни работи или да е редовни или вонредни универзитетскии професори кои предавале правен предмет во областа на правосудството повеќе од 10 години.
V. Надлежности и Должности на Јавниот Обвнител
Овластување и Надлежност
Член 5
(1)
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, како што е дефинирано во член 2, став (1) од овој закон.
(2)
Јавното Обвинителство се основа за целата територија на Република Македонија, со седиште во градот Скопје.
(3)
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство е овластен да презема дејствија и да застапува по предмети пред основните, апелационите судови и Врховниот Суд на Република Македонија.
(4)
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство има целосна надлежност и овластување независно да ги извршува сите истражни и обвинителски функции на Јавното Обвинителство, кои вклучуваат:
-
Учество во судски постапки и започнување каква било судска постапка, вклучувајќи граѓанска и кривична, кои Јавниот Обвинител ги смета за потребни;
-
Изјавување на жалба против која било одлука на суд по кој било предмет или постапка во која Јавниот Обвинител учествува како надлежен;
-
Преглед на сите достапни документарни докази од кој било извор;
-
Добивање на сите безбедносни ослободувања за преглед на доверливи информации и информации кои не се достапни за јавноста; и
-
Поведување и спроведување на обвиненија во кој било надлежен суд, составување и потпишување на обвиненија, поднесување на информации, и водење на сите аспекти на кои било предмет кој произлегува од овој закон, во името на Република Македонија.
(5)
Сите докази за кривични дела кои не се во обемот на овластувањата и надлежностите на Јавниот Обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, или се релевантни за постојни кривични предмети ќе бидат предадени на Јавниот Обвинител на Република Македонија и обвинителот кој го води предметот.
VI. Начело на Автономија на Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство
Член 6
(1)
Со работата на Јавното Обвинителство самостојно раководи Јавен Обвинител кој ги распоредува работите и работните задачи и одговара за навремено и квалитетно вршење на работите.
(2)
Јавниот обвинител има целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Ниту еден јавен обвинител во Јавното Обвинителство на Република Македонија, вклучувајки го и Јавниот Обвинител на Република Македонија, неможе да влијае на неговата работа, или да бара извештаи поврзани со предмети од Јавниот Обвинител или јавните обвинители во рамките на Јавното Обвинителство.
(3)
На колегиумите во проширен состав во Јавното Обвинителство на Република Македонија не се повикува и не присуствува Јавниот Обвинител и јавните обвинители во Обвинителството и не се разгледуваат стручни, како и прашања од надлежност на Јавниот Обвинител.
(4)
Повисокиот јавен обвинител неможе да поднесе иницијатива ни барање за реферирање на одреден предмет или кривично правен настан до Јавниот Обвинител.
(5)
Јавниот Обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на Јавниот Обвинител без негова/нејзина писмена согласност.
VII. Одговорност на Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство
Член 7
(1)
Јавниот Обвинител ќе биде одговорен за неговата/нејзината работа пред Собранието на Република Македонија и пред Советот на Јавни Обвинители.
(2)
Јавниот Обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите/нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од Јавниот Обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои според Јавниот Обвинител треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодвети информации за да ги оправда трошоците.
(3)
Јавниот Обвинител ќе биде биде професионално одговорен за стручните и законските десјтвија при неговата/нејзината работа пред Советот на јавни Обвинители.
VIII. Односи со Јавност
Член 8
Јавниот Обвинител редовно ќе ја информира јавноста за напредокот на неговиот/нејзиниот напредок, врамнотежувајќи ги етичките и процедурални обврски одредени со закон и јавниот интерес да се биде информиран за текот на истрагата и гонењето.
IX. Организација на Јавното Обвинителство
Член 9
(1)
Функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство ќе биде извршувана од Јавен Обвинител лично и јавните обвинители избрани во Јавното Обвинителство кои му/и помагаат.
(2)
Јавниот Обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на Јавни Обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното Обвинителство. Советот ќе ги избере јавните обвинители во Јавното Обвинителство на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови, при што има мнозинство од гласови од членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.
(3)
Јавните обвинители од став (2) од овој член немаат право да донесуваат наредби и обвиненија, а имаат право да го застапуваат Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство пред надлежниот суд.
(4)
Мандатот на јавните обвинители од став (2) од овој член нема да го надмине мандатот на Јавниот Обвинител.
(5)
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство може да основа истражен центар согласно Законот за Кривична Постапка
(6)
Специјалниот Јавен Обвинител може да основа специјализирани одделенија во своето Обвинителство, вклучувајќи и тие кои имаат обвинители кои ќе застапуваат по предмети пред апелационите судови и пред Врховниот Суд.
(7)
Јавниот Обвинител на Република Македонија и Советот на Јавни Обвинители немаат право да распределат јавни обвинители од Јавното Обвинителство во други обвинителства без писмена согласност на Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство.
(8)
Специјалниот Јавен Обвинител може да вработи стручни соработници, експерти, советници, истражиели и административен персонал да работи во истражниот центар.
(9)
Сите тела за спроведување на закони и Јавното Обвинителство на Република Македонија ќе обезбедат помош по барање на Јавното Обвинителство, согласно Законот за кривична постапка.
X. Начела на Хиерархија и Субординација
Член 10
(1)
Јавното Обвинителство ќе се организира според начелата на хиерархија и субординација.
(2)
Јавните обвинители назначени во Јавното Обвинителство ќе бидат одговорни единствено пред Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство.
(3)
Оцена на работата на јавните обвинители во Јавното Обвинителство врши Јавениот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство.
XI. Воспоставување надлежност врз тековни предмети
Член 11
(1)
Јавнто Обвинителство ќе превземе контрола врз предметите кои спаѓаат во стварната надлежност на Јавното Обвинителство во која било фаза од постапката.
(2)
По писмено барање од Јавно Обвинителство, јавните обвинителства се обврзани, во рок од 8 дена, да предадат кој било предмет по кој постапуваат за да се одлучи дали предметот спаѓа во надлежноста на Специјалниот Јавен Обвинител, согласно неговите/нејзините овластувања определени со овој закон.
(3)
Специјалниот Јавен Обвинител одлучува во рок од 8 дена дали случајот спаѓа во надлежност на Обвинителството.
XII. Меѓународна правна помош и соработка
Член 12
Специјалниот Јавен Обвинител ќе бара меѓународна правна помош и соработка по прашања кои се во негова/нејзина надлежност самостојно, согласно закон и ратификуваните меѓународни документи.
XIII. Финансирање и Административни Средства
1.
Општи трошоци
Член 13
(1)
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство ќе има обезбедено соодветни финансиски ресурси и персонал, вклучувајќи и административен и истражен персонал и јавни обвинители да ја извршува својата работа соодветно.
(2)
Во рок од 30 дена од назначувањето, Јавниот Обвинител ќе поднесе општ работен, персонален и финансов план до Собранието за известување. Во рокот од став (2) на овој член Јавниот Обвинител ќе го поднесе општиот работен, персонален и финансов план до Владата на Република Македонија и Советот на Јавни Обвинители за имплементација.
(3)
Владата на Република Македонија е обврзана да обезбеди финансиски средства за непречена работа на Јавното Обвинителство согласно планот од став (2) на овој член, не подоцна од 35 дена од влегување во сила на овој закон.
(4)
Јавниот Обвинител може да поднесе дополнителни барања за финансирање на неговиот или нејзиниот напредок во работата.
(5)
Министерството за Правда ќе обезбеди основни простории за работата на Јавниот Обвинител во рок од 3 дена од стапувањето во сила на овој закон, а комплетни просторни услови за Јавното Обвинителство во рок од 35 дена од стапувањето во сила на овој закон.
(6)
Просториите од став (5) ќе бидат надвор од објектите на Јавното Обвинителство на Република Македонија со цел да се постигне фактичка и соодветна изтражителска и обвинителска независност.
(7)
Министерството за Правда ќе му обезбеди на Јавното Обвинителство доволни компјутерски и информатички ресурси. Јавниот Обвинител ги има сите овластувања и надлежности во поглед на пристап до податоци и информации како Јавниот Обвинител на Република Македонија и Основниот јавен обвинител за организиран криминал и корупција.
2.
Плати и надоместоци
Член 14
(1)
Платата на Јавниот Обвинител се определува во висина од 10% пониска од платата на Јавниот обвинител на Република Македонија.
(2)
Платата на јавните обвинители во Јавното Обвинителство се определува во висина на платите на јавните обвинители во Основното јавно обинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
(3)
Јавниот Обвинител и јавните обвинители во Јавното Обвинителство имаат право на додаток за посебните услови за работа, додаток за постоење на висок ризик и додаток за доверливост.
(4)
Платите и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската стручна служба ќе бидат регулирани со закон и колективен договор.
3.
Опис на трошоци
Член 15
Финансирањето за работата за Јавните Обвинителства ќе се состои од средства за плати и надоместоци за јавните обвинители, плати и надоместоци за вработените во Јавнообвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките вклучувајќи и средства за советување и мислења од експерти, стердства за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во Јавнообвинителската стручна служба, добивање на капитални инвестиции и стредства за одржување на просториите и опремата во Јавните Обвинителства.
4.
Начин на Финансирање
Член 16
(1)
Потребните средства за работење на Јавното Обвинителство ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија преку буџетскиот корисник - Јавно обвинителство на Република Македонија.
(2)
Финансисиот годишен план за 2016 година ќе се изработи земајќи ги предвид трошоците од 15 септември 2015 година до 31 демекври 2015 година.
(3)
Јавното обвинителство на Република Македонија, Министерството за финансии и Собранието на Република Македонија не можат да го менуваат финансовиот план од член 13 став (2) и ќе го вградат во Буџетот на Јавното Обвинителство на Република Македонија.
XIV. Разрешување на Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство и престанок на Јавното Обвинителство
1.
Основи за престанок
Член 17
(1)
На Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство функцијата му престанува:
-
по сопствено барање
-
Ако трајно ја загуби способноста за вршење на функцијата Јавен Обвинител
-
Ако е избран или именуван на друга функција
-
Ако е осуден со правосилна судска одлука на казна затвор во траење од најмалку шест месеци или на пократка казна затвор или друга кривична санкција за кривино дело кое го прави недотоен за вршење на функцијта Јавен Обвинител.
(2)
Во случаите од став (1) на овој член, престанокот на функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство ја утврдува Советот на Јавни Обвинители на предлог на Собранието на Репблика Македонија. Собранието на Република Македонија, предлогот го утврдува по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот.
2.
Разрешување
Член 18
(1)
Јавниот Обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на Јавни Обвинители отпочне постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија. Извештајот ќе биде достапен на јавноста преку комисиите во Собранието на Република Македонија, освен доколку некоја од комисиите не го одложи или спречи објавувањето на дел и на целиот извештај доколку најде за потребно да се заштитат правата на секое лице наведено во извештајот, или да спречи недозволено влијание во било кое кривично гонење.
(2)
Врз основа на доставен извештај од страна на Советот на Јавни Обвинители, на предлог на комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, го разрешува Јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на Јавниот Обвинител до Советот на Јавни Обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот.
3.
Судско одлучување во случај на разрешување
Член 19
Разрешениот Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство може да поднесе тужба до Основен суд Скопје 2-Скопје за разгледување на одлуката за разрешување. Со одлука на судот, Јавниот Обвинител може да биде вратен на работа или да добие друг вид надомест.
4.
Престанок на функцијата
Член 20
Функцијата Јавен Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство престанува по завршувањето на сите истраги и гонења кои се во негова надлежност.
5.
Укинување на Јавното Обвинителство
Член 21
По укинување на Јавното Обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања.
IV. Краен рок за покренување на обвинение
Член 22
Јавниот Обвинител кој раководи со Јавното Обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежнот.
XX. Преодни и завршни одредби
Член 23
(1)
Овој закон влегува во сила истиот ден од денот на неговото објавување во “Службен Весник на Република Македонија”.
(2)
Собранието на Република Македонија ќе утврди предлог за Јавен Обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите на денот на влегувањето во сила на овој закон.
(3)
Советот на Јавни Обвинители го избира Јавниот Обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите на денот на влегување во сила на овој закон.
Образложение
I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ
Членот 1 е основна одредба на законот, а со членот 2 се дефинираат изразите употребени во овој закон.
Членот 3 се однесува на начинот на избор на јавениот обвинител, а членот 4 се однесува на условите за избор.
Членовите 5, 6, 7, 8, 9 и 10 се однесуваат на надлежностите и должностите на јавниот обвинител, неговата автономија, одговорност, односи со јавност и организација, хиерархија и субординација.
Со останатите одредби се уредува меѓународната правна помош и соработка, финансирањето, разрешувањето и престанокот на функцијата.
II. МЕЃУСЕБНА ПОВРЗАНОСТ НА РЕШЕНИЈАТА СОДРЖАНИ ВО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ОДРЕДБИ
Предложените решенија се меѓусебно поврзани.
III ПОСЛЕДИЦИ ШТО ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД ПРЕДЛОЖЕНИТЕ РЕШЕНИЈА
Предложениот закон ќе придонесат за ефикасно и законито извршување на функцијата Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец