Ова е вториот убиец на Данка кој помогнал да се ослободат од телото

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по која се трагаше 10 дена.
Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило на ЈКП Водовод во моментот кога удрил во двегодишното девојче, додека со него бил Драгијевиќ.
Веста дека е убиена Данка Илиќ, ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
- Брат ми од вчера е во полиција. Го однесоа од дома, но ништо никој не знае и никој ништо не ни кажува! Се надевам и се молам на Бога тој да не стои зад ова. Чекаме информации, изјавил братот на Дејан за „Курир“.
Дејан и Срѓан се колеги, а се истражуваат околностите под кои е убиена Данка Илиќ.
- Дејан не е женет, се движеше често низ селото, никогаш не правел проблеми но знае да пие. Никогаш не мислевме дека ќе направи вакво нешто.
Според зборовите на соседите, Срѓан е разведен и долго време е вработен во Водовод.
- Се разведе пред околу една година, има син и снаа, а тие имаат и мало девојче. Има внука, не знам како може да му текне такво нешто на памет, се надевам дека не е вистина - раскажал сосед на Срѓан.
Тој вчера бил фотографиран со инспектори на местото на злосторството.
- Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде што најверојатно со автомобилот била прегазена Данка Илиќ. На сликите се гледа како им покажуваат на инспекторите од каде дошле, каде ја удирале, но и каде отишле со нејзиното тело - вели изворот.
Ново на Сител
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
