Ова е скицата и списокот со имиња пронајдени во собата на 14-годишниот Коста К. | ФОТО
На прес-конференција за медиуми началникот на полицијата во Белград кажа дека во собата на 14 годишниот Коста Кецмановиќ биле пронајдени список со имиња и скица од училиштето.
- Имал список со имиња на ученици. Скицата изгледа како од видео игра или од хорор филм што укажува на тоа дека детално планирал како да влезе и во која училница кое дете да го убие, изјави Веселин Милиќ.
Коста Кецмановиќ (14) сам се јавил во полиција и кажал дека пукал во повеќе лица
- Неми сме пред оваа трагедија. На 3.5 во 8:42 се јави НН лице кое се претстави како К.К. и рече дека пукал во повеќе луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“. Во пукањето се убиени 8 ученици, 7 девојчиња и едно момче. По доаѓањето на полициајта во училиштето убиецот е уапсен. Долго време го планирал настанот. Го избрал денешниот датум бидејќи училницата по историја била близу до излезот од училиштето. Во ранецот имал четири молотови коктели, додава Милиќ.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај