Ова е мајката монструм која ја изгладнуваше својата ќерка (5) во станот на ужасот во Москва, ја пронајдоа закопана во ѓубре, оставена без храна и вода

Ирина Гарашченко (47), мајка на девојчето Могли, како што медиумите ја нарекоа петгодишната московјанка која властите ја спасија од стан полн со ѓубре и бубашваби, се појави денеска на суд и и е одреден двомесечен притвор.
На Гарашченко и се суди за обид за убиство на малолетно лице кое се наоѓа во беспомошна состојба.
Оваа мајка монструм на сослушувањето изјавила дека целата ситуација околу нејзината ќерка и неа е - провокација. Упорно тврдела дека не направила ништо со што би го загрозила животот на нејзината ќерка.
„Таа беше во добра состојба не знам што се случило. Може да биде ова нечија провокација. Сакам тоа да го објаснам, но мора прво да влезам во станот. Не сум го видела заклучокот од докторот, сама сакам да објаснам што се случило таму“, упорно тераше по свое.

„Овошјето и другата храна која и ја понудивме, прво ја мирисаше. Дури потоа ја земаше со прстите. Беше многу вознемирувачки да се гледа тоа. Никој не ја научил да спие во кревет. Многу се мачевме додека ја успивавме. Многу се плаши од вода“, раскажа за Скај Њуз правобранителката за деца Ана Кузњецова.

Од болницата ги објавија и првите фотографии од малечката Љуба.

Да потсетиме, полицијата во стан во улицата Ленинградски пат влезе на 10 март на повик од соседите, вознемирени поради тоа што од тој стан со денови допира очаен плач на дете, но и неиздржлива смрдеа. Запуштеното девојче седело врз купишта ѓубре кое скапувало и плачело од глад. Откако полицијата го спаси детето, мајката се вратила, а соседите ја задржале до доаѓањето на полицијата.
Обвинета е за обид за убиство.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина





