Ова е детенцето кое беше претепано од дадилка
Со видливи повреди, модрици и гребаници на лицето и вратот, вака изгледа 2 годишното детенце кое беше тепано од дадилка. Фотографијата ја објави роднина на детенцето и повика секој што бил сведок на малтретирањето да ги контактира.

Мајката на тројката близначиња за Сител вели дека е благодарна што снимката била јавно објавена. Во телефонски разговор вели детенцето е дома, а неговата состојба по траумите засега е стабилна.
По пријава МВР ја приведе дадилката и таа е задржана во полициска станица се до пробирање на потребната документација.
Од ОЈО информираат дека за случајот постапува јавен обвинител кој во текот на денот ќе донесе одлука.
Дадилката Ж.П е на возраст од 59 години, таа скоро една година била ангажирана за чување на близначињата.
Случајот беше пријавен од сопственикот на игротеката каде дадилката вчера беше забележана на видео надзор како го тепа детето.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека како Влада постигнале повисоко ниво на грижа и реакција во вакви случаи. Таа смета дека не смеат да се случуваат вакви работи бидејќи децата од мала возраст доколку се изложени на насилство, го губат својот пптенцијал, но исто така се стекнуваат со одредено однесување кое понатаму ќе го практикуваат како надилно.
- Во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негователки во нивните домови. Ги потикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негователки и токму затоа ниту во законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област , - вели Царовска.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
