Македонија
4. August 2016 - 14:31

Ова е брачниот пар од Скопје кој вчера загина во сообраќајката кај Удово

Голема трагедија вчера ја потресе Македонија, полицијата денеска излезе со детали. Околу 07 часот на магистралниот патен правец Демир Капија –  село Удово, кај местото викано Св.Петка, се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Д.С. од Србија и возило„Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Н.П. од Скопје, удриле во Автобус „ЗЕТРА“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ДОО „Струмица Експрес“, а управуван од 60-годишниот Ѓ.В. од Струмица.

Ова се сопружниците кои за жал го загубија животот во трагедијата и го оставија синчето без мајка и татко.