Џет-Сет
15. January 2016 - 21:22

Ова е 16 години помладото момче на Светлана Цеца Ражњатовиќ!

Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ е заљубена во манекенот Александар Јововиќ пишува српскиот магазин „Story“. Пејачката се впуштила во оваа романса пред една година, кога манекенот глумел во нејзиниот спот за песната „Dobro sam prošla“. Иако долго време тие вешто се криеја, последните неколку недели станале сосема безгрижни па биел забележани на Копаоник, Москва па и во Дубаи.
 
Цеца и Александар се запознале на снимањето на спотот, а дружењето набрзо продолжило.
Пејачката досега во јавноста, после смртта на нејзиниот сопруг има покажано само едно момче, а тоа е манекенот Владимир Цветковиќ.
 
Александар Јововиќ е од Белград, студира економија и има 26 години. Тој е машки модел кој работи со сите познати брендови и дизајнери во Србија.