ОУ „Живко Брајковски“ со нова зграда од 1 септември

Во завршна фаза е изградбата на зградата на Основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел чие пуштање во употреба надлежните институции очекуваат да биде на почетокот на учебната година.
Новата училишна зграда, со вкупна површина од 5.000 метри квадратни и со капацитет за 900 ученици, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е капитален и значаен објект за општината.
- Изградбата на училиштето се одвива добро. Очекувањата се дека ќе се заврши во предвидениот рок и дека и за децата, но што е исто така значајно и за наставниот кадар оние коишто ги образуваат нашите деца почнувајќи од 1 септември после 50 години „Живко Брајковски“ ќе добие нови простории и децата што гравитираат во овој дел на општина Бутел ќе можат да учат во подобри услови, изјави денеска Ставрски, кој со заменик-министерот за образование Спиро Ристовски и градоначаланикот на Бутел Петре Латиновски го посетија училиштето.
Ставрески информира дека со поддршка од Владата и Министерството за финансии преку проектот за поддршка на општините од Светска банка за изградбата на училиштето се обезбедени 73 милиони денари.
- Нема подобро инвестирани средства од оние што се вложуваат во образованието, бидејќи тоа е иднината на нашата земја и на нашите деца. Владата и во иднина ќе издвојува значителни средства за образованието. Во Буџетот за оваа година се предвидени над милијарда и 300 милиони денари за капитални проекти во образованието и тој износ од година во година ќе расте, изјави Ставрески.
Градоначалникот Латиновски истакна дека при изградбата на училиштето се запазени сите енергетски, еколошки и архитектонски стандарди. Изведувач на работите за комплетно завршување на училишната зграда и нејзиното партнерно уредување е претпријатието „Вардарградба“ ДОО Скопје, кое, според Латиновски, ги почитува роковите. - Се надевам дека на 1 септември воспитно образовниот процес на учениците од „Живко Брајковски“ ќе почне во новата училишна зграда, рече Латиновски.
Во тек на летово, како што информира заменик-министерот за образование Спиро Ристовски ќе бидат реконструираи 45 училишта во повеќе општини.
- Министерството за образоваие и наука, во соработка со Министерството за финансии, со последниот ребаланс доби дополнителни средства за реконструкција и санација на учелиштата. - Само во текот на летниот период се планирани околу 220 милиони денари во насока на подобрување на образованата инфструктура на територијата на целата држава, изјави Ристовски.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
