ОУ „Јоаким Крчовски“ во Волково по 60 години добива нова спортска сала

Остануваме на намерата преку делот на на училишен спорт да го зголемиме бројот на учениците кои спортуваат, од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и средното образовение, изјави денеска премиерот Зоран Заев при увидот на градежните работи на изведбата на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково.
Тој наведе дека во ОУ „Јаоким Крчовски“ учат 367 ученици кои ќе ја користат спортската сала за физичко образование.
– Оваа Влада е посветена на спроведување на реформи во образованието кои се исклучително важни за обезбедување на квалитетен живот на младите и на децата, секако и на нивните родители. Направивме сериозни планови, најдовме решенија за мотивирање на наставниците со поголеми плати. Знаеме дека условите за наставниците и професорите мора да бидат обезбедени за да пренесуваат квалитетно знаење на самите ученици, истакна премиерот.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумовски истакна дека после 60 години училиштетото ќе добие нова спортска сала, направена по најсовремени стандарди, за која се издвоени околу 400.000 евра.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
