Отворено лизгалиште „ЕУ за тебе“
Лизгалиште „ЕУ за тебе“ денеска беше отворено на градскиот плоштад „Македонија“ во рамки на новогодишната населба „Винтерленд“. На отворањето присуствуваа скопскиот градоначалник Петре Шилегов и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Првпат оваа година Делегацијата на Европската унија учествува во новогодишната програма на Град Скопје.
Шилегов истакна дека лизгалиштето и „Винтерленд“ масовно се посетени од скопјани. Најави дека соработката меѓу Град Скопје и Делегацијата на ЕУ ќе продолжи во иднина за доброто на граѓаните.
Евроамбасадор Жбогар соопшти дека во ЕУ одлучиле оваа година да му се придружат на Град Скопје се со цел, како што рече, да додадеме повеќе магија на прославата за новогодишните празници.
– Ние како ЕУ на целата прослава што се организира од Град Скопје му ја додаваме магијата со ова лизгалиште. Одлучивме ова да биде подарок за сите деца, но и за луѓето кои се деца во нивните души да можат да се забавуваат малку во последните денови од оваа година, рече Жбогар и им ги честиташе претстојните празници на граѓаните.
На новинарско прашање за законот за амнестија, Жбогар рече дека овој закон се уште не е официјален и не може да даде свое размислување во врска со него. Додаде дека претстојат новогодишни празници и порача да се оставиме политиката надвор од денешниот настан.
Лизгалиштето ќе работи во две смени, прва од 10 до 15.45 часот, а втора од 17:30 до 21.15 часот. Лизгалиштето ќе биде отворено секој ден до 7 јануари. Лизгањето ќе биде бесплатно и ќе се одвива во тек на 30 минут
Ново на Сител
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови