Отворени биралиштата за изборите во Јапонија
– Во 47-те префектури во Јапонија денеска беа отворени гласачките места за Горниот дом на јапонскиот Парламент, два дена по убиството на поранешниот премиер Шинзо Абе, лидерот на Либерално-демократската партија (ЛДП).
Изборите за помалку влијателниот дом на Парламентот се сметаат за еден вид референдум за владата, а анкетите пред гласањето и пред убиството на Абе покажаа дека владејачкиот блок предводен од премиерот Фумија Кишида има најголема поддршка.
Опозицијата сакаше да ги одложи изборите, но премиерот истакна дека демократијата не може да попушти на насилството.
Абе, современиот лидер со најдолг стаж во Јапонија, беше убиен во петокот за време на говор за поддршка на локалниот кандидат во западниот град Нара.
Јапонскиот политички естаблишмент го осуди атентатот на Абе, нагласувајќи дека атентатот е „напад врз самата демократија“.
Изборната кампања беше прекината по атентатот на Абе, но политичарите ги продолжија своите предизборни активности веќе во саботата.
Убедлива победа на изборите ќе му помогне на Кишида да ја консолидира моќта и да му овозможи да ја постигне својата цел – зголемување на државните распределби за системот на национална одбрана.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
