Отворенa сметкa за донации за доизградба на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Општина Делчево отвори сметкa на која ќе можат да се уплаќаат донации за доизградба на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Изградбата на храмот, како што информираа од општината, е во завршна фаза.
– Досега е изградена фасадата и кровната конструкција на новата црква која две децении стои недоградена, со што очекуваме овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик и да изникне во еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, да добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители. Од денес е отворена и сметка за донации на која граѓаните ќе можат да донираат за целосна дозиградба на храмот, информираа од општината
Бројот на сметката на која може да се донира, како што додаваат, веќе е објавена на општинската веб страница.
Дозградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“, се реализира со поддршка од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, како и со помош на приватни субјекти.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
