Отворена изложба за Климент и Наум Охридски во општина Илинден
Во Домот на културата во општина Илинден е отворена изложбата „Климент и Наум и нивната духовна светлина“.
Изложбата ќе биде отворена до 20 декември, а љубителите на уметноста имаат можност да видат 30-тина дела на дваесеттина автори како Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Новица Трајковски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Владимир Георгиевски, Стефан Хаџиниколов, Доне Милјановски, Ставре Димитров - Стадим, Илија Аџиевски, Трајче Блажевски, Благој Чушков, Александар Станковски, Симонида Филипова Китановска, Маријета Сидовски и други.
Изложбата ја отвори академскиот сликар Новица Трајковски, а за нејзиното значење говореше претседателот на Асоцијацијата за култура ИКОН, Климе Коробар.
- Свети Климент и Свети Наум се творечка инспирација на сликарите, музичарите, копаничарите и поетите. Тие се отворена тема и мотив, секогаш длабоко инспиративен и благороден за творечка креација, затоа што, преку нивната светлина уште повеќе се зацврстува нашиот идентитет и алките на нашиот духовен континуитет. Ние треба да сме горди и благодарни на Климент и Наум, особено денес кога нашето, како што би рекол Блаже Конески, „смачкано племе“ е од сегде притиснато, неправедно доведено дури и во апсурдна ситуација да го брани сопствениот идентитет, истакна Коробар.
Тој додаде дека создадените дела на македонските уметници говорат за зацврстувањето на корените, почитта и пиететот кон делото на Свети Климент и Свети Наум Охридски.
Со отворањето на изложбата, Домот на културата го почна чествувањето по повод 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски што ќе биде одбележано следната година. Изложбата е во организација на Домот на култура „Илинден“ и Асоцијацијата за култура ИКОН.
Ново на Сител
-
Изборен ден во Струга
-
Гласање во Охрид
-
Избори во Крушево и Долнени
-
ДИК бележи зголемена излезност
-
Веќе пет дена хируршките клиники функционираат со затворени сали
-
Четворица затворски полицајци завршија на Токсикологија по пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Мемети утре во суд, врховниот судија Георгиев се жали на притворот
-
Речиси 2 тони вијагра и опасен лек за слабеење запленети на скопскиот аеродром