Отворена изложба на уметникот Лена Ѓуриќ

Во Берово синоќа беше отворена изложба на слики во техника масло на платно со мотиви инспирирани од убавините на светот, подготвена од уметникот Лена Ѓуриќ од Свети Николе. Сликите се изложени во комплексот Аурора, а изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
- Посебно сум почестен со изборот овој настан да се случи токму во Берово и особено ми е драго што на оваа изложба се забележува дека природните богатства во нашето гратче може да бидат инспиративен мотив во некое од изложените уметнички дела, рече Пекевски.
Македонскиот уметник Лена Ѓуриќ повеќе од 30 години живее и твори во Париз, а со изложбата првпат се претставува во Берово.
- Во моите слики кои се со наративни содржини и со впечатлива колоритност е содржана тријадата која ја чинат сетилата, емоциите и интелектот, нешто без кое ниту едно уметничко создавање не е можно, вели Ѓуриќ.
Во рамки на изложбата во Берово, беа претставени 30 слики во техника масло на платно и акварел.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
