Отворен за сообраќај патниот правец Демир Капија-Удово

Патниот правец Демир Капија - Валандово попладневно од 16 часот е отворен за сообраќај, информираат од полицијата во Валандово.
Оваа делница беше затворена утрово поради сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.
Сообраќајната несреќа се случи утрово на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка „Ауди А4“ со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин Д.С. (1970), автобус на „Струмица експрес“, управуван од Ѓ.В. (1956) и автомобил марка „Фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.П. (1975 г.).
Во несреќата загинати се возачот на автомобилот и неговата сопруга, Б.П. (1984 г.), додека нивниот седумгодишен син е повреден и во критична состојба е префрлен на скопските клиники. Повредена е и сопатничката во аудито, германска државјанка, која со потешки повреди е задржана во Општата болница во Велес.
Основното јавно обвинителство соопшти дека се работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа. Возачот на аудито, државјанин на Р.Србија, стои во соопштението, е задржан. Надлежен јавен обвинител веднаш издал наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и наредба за технички преглед на автомобилот „Ауди“ и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и урина на возачите, кои ќе се анализираат. Дополнително, се вршат разговори со сите инволвирани, со патниците од автобусот, како и со возачи-очевидци на сообраќајната несреќа.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската влада
-

Претседателот Пармелан на средба со премиерот и стопанствениците
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
