Отворен Почесен конзулат на Руската Федерација во Охрид

Почесен конзулат на Руската Федерација денеска беше отворен во рамки на Конгресниот центар во Охрид. На свеченоста присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, Министерството за надворешни работи, Македонската православна црква, Локалната самоуправа и бројни гости.
Указот за именување на почесен конзул на проф. д-р Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје му го врачи амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Николаевич Шчербак.
На свеченоста беше истакнато дека со отворањето на Почесниот конзулат во Охрид, ќе се продлабочат традиционалните добри односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, како и соработката во сите области, особено во културата и духовниот живот на граѓаните од двете држави.
Досега во Охрид почесни конзулати отворија Република Турција, Република Полска и Република Словенија, а има најави за отворање почесни претставништва и од други држави.
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
