Отворен нов дијагностички центар со магнетна резонанца во ГОБ „8-ми Септември“
Во Градската општа болница „8-ми Септември“ денеска е отворен новиот дијагностички центар опремен со апарати за магнетна резонанца. Апаратите се набавени во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со Aмбасадата на Република Италија.
На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали, како и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Премиерот Ковачевски изрази задоволство од соработката со Италија потенцирајќи дека ниту во криза не запира вложувањето во здравството. Ковачевски потенцира дека со овие апарати ќе се зголеми бројот на пациенти кои ќе добиваат услуги на дневно ниво. Еден од приоритетите на Владата е здравството, рече Ковачевски, потенцирајќи дека апаратите веднаш се ставаат во употреба, зголемени се платите на лекарите и подеднакво се вложува во сите региони.
Министерот за здравство посочи дека апаратите се набавени во рамки на поголема набавка на повеќе апарати во вкупна вредност од 1.1 милион евра, додека за двете магнетни резонанци сумата изнесува 754.168 евра и спроведена е во рамки на Програмата за рационализација на управувањето и модернизација на биомедицинската технологија во здравствениот сектор, во соработка со италијанската Амбасада.
-Веќе во тек е обука на кадарот од обучувачи од Италија и за почеток се очекува дека фреквенцијата ќе биде по 15 пациенти дневно, рече Сали.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
