Отворен ден за иселениците во Гостивар
![]()
Под мотото „Добре дојдовте во вашиот дом“, Општина Гостивар организира отворен ден со иселениците.
Општина Гостивар информира дека по повод доаѓањето на печалбарите во родниот крај, претстојниов викенд повторно ќе биде отворена „Канцеларијата на иселениците“. Таа ќе функционира во просториите на Центарот за општински услуги во приземјето на зградата во сабота и недела од 10 до 19 часот.
– На ваков начин ќе им се овозможи на печалбарите за време на нивниот престој во родниот крај да се запознаат со работата и активностите на општината и да дадат свои забелешки, сугестии, предлози и идеи базирани на искуствата од државите каде живеат и работат, велат од општина Гостивар.
Општинските службеници преку оваа канцеларија на иселениците ќе им помагаат за добивање на информации за општинските услуги, како и да ги се посоветуваат и до кои институции да се обратат за решавање на нивните барања.
Канцеларијата повторно ќе биде отворена во летниот период кога печалбарите повторно доаѓаат во родниот крај.
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
