Отворен ден на Машинскиот факултет во Скопје

Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска организира Отворен ден на кој матурантите ќе имаат можност подетално да се запознаат со студиските програми кои за првпат ќе се изучуваат во академската 2017/18 година.
За време на Отворениот ден посетителите ќе може да ги разгледаат просториите на факултетот, да се запознаат со наставниот кадар и да ги посетат лабораториите со што ќе добијат вистинска слика за она што се изучува на секоја од насоките.
Најавено е учество на повеќе компании кои ќе ги презентираат своите брендови и услуги, а дополнително настанот ќе биде збогатен со летало кое ќе биде презентирано од страна на Пилот тренинг центарот кој врши обуки за пилоти, како и со електрично возило од генералниот застапник на Мерцедес и Мицибуши во Македонија.
Надвор од едукативните содржини, ќе биде организирана забава со диџеите Гоце Саф и Чваре и наградна игра во која двајца најсреќни ќе добијат лаптоп компјутери.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
