Отворен центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар

Отворен Центар за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања на здружението „Во мојот свет“ во населба Аеродром.
Центарот е отворен под покровителство на сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја Иванова, а со финансиска помош на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија.
Според Иванова отворањето на центарот е успешен пример за една конструктивна соработка помеѓу граѓанскиот сектор и државните институции.
- Мојата соработка со здружението „Во мојот свет“ трае веќе неколку години и денеска центарот ги отвора вратите за сите лица со аутизам, а посебно за децата со аутизам. Нашата цел беше да се обезбедат што посовремени и подобри третмани и терапии за децата со аутизам во Македонија. Сметам дека сите треба колку што можеме да помогнеме на ранливите, различните, а сепак еднакви категории граѓани во нашето општество, изјави Иванова.
Таа се заблагодари на Владата на Македонија, министерствата за одбрана и труд и социјална политика, Општина Аеродром, како и бизнис заедницата што ја препознаа хуманата идеја да се отвори ваков центар и што помогнаа во реализација на проектот.
Бугарскиот амбасадор во Македонија Петко Иванов, на отворањето порача дека сето ова се прави за децата, дека аутизмот не е болест, туку состојба. - Ние треба да им помогнеме на тие деца да живеат со сите други, да растат и придонесат за развојот на земјата, рече Иванов.
Претседателот на здружението Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“ Златко Стојановски на денешното отворање додели благодарници на Маја Иванова, на амбасадорот Иванов, друштвото „Ноќни волци“ и други личности и компании за поддршката и помошта за остварувањето на проектот.
Ново на Сител
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
