Отворање на изложбата „Ана Франк - Историја за денес“
Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес“, кој е збир од триесет и девет изложбени панели кои носат бројни детали од животот на малата Ана и нејзиното семејство од Втората светска војна, ќе биде отворена од денеска во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Во Македонија таа е се отвора во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“, а организатори се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам.
Во изложбата, која ќе биде отворена до 10 декември, има и панели кои се креирани за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес, а изработени од домашните експерти Мишо Докмановиќ и Бесник Емини.
Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. Досега, изложбата беше поставена во Скопје, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Кавадарци, Тетово, Велес, Куманово, Крива Паланка и Струга.
Таа е достапна за младите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Во Македонија изложбата доби поддршка од Министерството за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија.
Ново на Сител
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа
-
Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање и презентација на новата армиска униформа
-
Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа
-
Без вода дел од улицата „Наум Наумовски Борче“
-
Сончево со мала до умерена локална облачност и ветер
-
Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026
-
Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата