Отворање инфо-центар за параглајдинг и авантуристички туризам во Крушево

Инфо-центар за параглајдинг и авантуристички туризам ќе биде отворен денеска во Крушево. Со отворањето на инфо-центарот, туристите ќе можат на едно место да добијат информации за параглајдерство, за достапните тури за авантуристички туризам, туристички водичи, информации за сместувачките капацитети во градот и останатите активности кои се достапни во Крушево.
Инфо-центарот ќе биде раководен од параглајдинг клубот HELI XC, а поддржан од општина Крушево, Агенција за поддршка и промоција на туризам и Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Свисконтакт.
Центарот во Крушево ќе го отворат градоначалникот Томе Христоски, и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
