Живот
6. February 2016 - 21:19

Отсега ќе можете да разговарате со вашето куче

Компанијата Fetch креирала уред за комуницирање на газдите со кучињата.
 
Отсега ќе можете да разговарате со вашиот миленик, со тоа што специјална апликација ќе испраќа порака на вашиот смартфон, која ја дешифрира според начинот на лаењето на вашето куче.
 
Кучето мора да го носи уредот, кој е всушност ѓердан, кој изгледа како вистински накит, а всушност ќе ви помага да ги разберете потребите на кучето.
 
Паметниот ѓердан е моментално во развој и наскоро се очекува да излезе на пазарот.