Отпадни и отровни води ја загадуваат почвата и водата во Јегуновце, пречистителна станица не работи
Отпадни води во зелена и жолта боја од индустриски отпад, за кои се смета дека содржат канцероген шестовалентен хром има деновиве во близина на тетовско Јегуновце, а значаен дел од ваквиот исцедок се влева во реката Вардар, аларамираат еколошките активисти на социјалните мрежи. Граѓаните алармираат дека појавата на ваквите отпадни води е опасна за почвата и за водата со оглед дека е материја која предизвикува нивно загадување како и заболувања од рак.

-Тоа е шестовалентен хром кој е многу опасен за здравјето на граѓаните и предизвикува рак. Треба да се решава и да се изврши медијација на почвата во Јегуновце ради големата количина хром во почвата која е опасна за земјоделството, за водата што се пие во Јегуновце и во Скопје. За неколку години ќе стигне до изворите на Рашче, таа течност што се појави на социјалните мрежи. Многу е опасно и требаше да се реагира многу одамна околу ова. Мислам дека со поголема внимание треба да се работи околу тоа, изјави денес Аријанит Џафери од еколошкото друштво Еко Герила.
Славко Стојчевски, технички директор на фабриката Југохром вели дека во процес на реконструкција е пречистителната станица за третман на отпадните води од индустрискиот отпад што се наоѓа во кругот на нивната фабрика.

-Депонијата со индустриски отпад е во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планрање, покрај другите материјали кои биле таму е бихроматно платно кој во негова содржина има и шестовалентен хром. Години наназад има изградено пречистителна станица во кругот на фабриката која има за задача да ги прибере сите отпадни води кои се контаминирани да ги донесе во кругот на фабриката таму да ги пречисти и како чисти да ги пушти во река Бистрица и после во Вардар. Во моментот поради инвестициски зафати на пречистителна станицата истата не работи од 25 септември. Поради дотраеноста на одредени моменти се врши реконструкција на неа. Во најскоро време треба да биде завршена реконструкцијата, тендер има распишано МЖСПП и компании кои ќе го добијат тендерот треба да ја монтираат опремата и после тоа ќе функционира пречистителна станица и ќе се намалат овие води и безбедно пуштени во реката, изјави Стојчевски.

Според екологистите потребно е почвата поради загаденоста да подлежи на процес на медијација. Постојат неколу процеси на медицијација, односно да се ископа и замени со друга почва или пак фиторемедиција-прочистување на почвата со помош на функцијата на одредени растенија.
Ново на Сител
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
-

„Мото Илинден“ со фестивал за адреналин и поголема сообраќајна култура
-

Газдата на „Пулс“ во Кривичен – Дали ќе добие нова мерка притвор?
-

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство
