Откриено неочекувано својство на водата: Станува „мраз“ на 105 степени Целзиусови
Добро е познато дека на нивото на морето, водата врие на температура од сто степени Целзиусови. Научниците долго следеле како точката на вриење и замрзнување на водата се намалува за десетина степени, кога таа се наоѓа во ограничен простор.
Меѓутоа сега тим на Технолошкиот институт во Масачусетс откри целосно неочекувани промени: внатре во најситните нанотуби на јаглен, чии димензии не се многу поголеми од неколку молекули вода, таа течност може да премине во цврста состојба и тоа на температура, на која обично би вриела.
Откритието илустрира дека и некои сосема познати материјали би можеле да ги променат своите својства и однесување кога нивното опкружување се мери во нанометри, односно со милијардити делови од метрите. Тоа откритие може да доведе до нова примена на водата.
Резултатите од истражувањето на кое работеле научниците Мајкл Страно и Кумар Агравал се објавени во списанието „Nature Nanotechnology“.
- Доколку ја ограничите течноста во наношуплината, можете да го промените нејзиното однесување, вели Страно.
Во еден негов експеримент, водата преминувала во цврста состојба на 105 степени Целзоусови, а подоцна дури и на повеќе.
- Ефектот е многу поголем отколку што кој било од нас очекуваше, рече Страно.
Бидејќи таа „стврдната“ вода (научниците избегнуваат да го употребат зборот „мраз“ во овој случај) не „топи“ се додека не се најде на темпертатура многу повисока од точката на која инаку врие, би требало да остане совршено стабилна и на собна температура.
Он неа потоа би можеле да се прават „ледени жици“, кои би биле најдобри носители на протони, бидејќи водата ги спроведува протоните барем десет пати поефикасно од типичните проводници.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра