Балкан
17. September 2017 - 18:51

Откриено кој му бил соучесник на Зоран во убиството на Јелена

Српскиот криминолог Златко Николич по повод апсењето на Зоран Марјановиќ за убиството на неговата сопруга Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, откри какви убиства вршат брачните другари.

- Вакви убиства вршат брачни партнери или љубовници, тешко е да се објасни злосторство од страст и љубов. Убиство со повеќе удари како кај Јелена, укажува на убиство од страст, вели тој.

Според него и анализите, Зоран имал контакт со Јелена и по смртта и можел да ги скрие доказите.

Инаку српските медиуми пишуваат дека на втори април лани Зоран се возел со братот по насипот 50 минути по убиството, па се смета дека ако е убиецот, братот му е соучесник.