-->
-->
Откриени 30 мигранти на местото „Лагот“ помеѓу железничка линија Неготино – Дуброво
-->
– Триесет мигранти се откриени денеска на местото „Лагот“, помеѓу железничка линија Неготино – Дуброво при прелет со хеликоптер на МВР.
Од мигрантите осум се Пакистанци, пет се од Конго, четири од Мали, четири од Гамбија, три од Бурунди, две од Гвинеја, две од Камерун, еден од Сиера Леоне и еден од Уганда.
Според МВР, тие ќе бидат пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Мигрантите се откриени во 11.00 часот од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска