Откриени 20 авганистанци во возило кај Кавадарци

На патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.
МВР денеска соопшти дека возачот на возилото не бил пронајден.
Кога ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и побегнал. Илегалните мигранти, се посочува во соопштението, биле донесени во полициската станица за граничен надзор Михајлово и со нив бил извршен разговор. Дел од мигрантите со потврда за предавања на лица се предадени во Прифатен центар за странски државјани-Скопје, а останатите во Прифатен центар за баратели на азил-Визбегово, Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.
Ново на Сител
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
