Живот
20. January 2016 - 20:28

Откриена тајната за подготовка на најславниот помфрит

Грант Имахара од ТВ серијата MythBusters во својот мини документарен филм ја разоткри формулата на познатиот и омилен вкус на пржени компирчиња од познатиот Мекдоналдс.

Дали Мекдоналдс користи вистински компири? Зошто нивниот помфрит има таков вкус, кој ве тера да барате уште? Дали се варат пред пржењето? - има многу прашања во врска со познатиот компир, еден од заштитните знаци на познатиот ланец за брза храна.

Имахара влезе во нивната фабрика и истражи како се подготвува помфритот.