Oткриен обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички во вредност од 1,2 милион денари

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа откри и спречи обид за шверцување 4.800 пакувања никотински кесички со вредност од 1,2 милион денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело шверцување, казниво според Кривичниот законик.
Како што информираат од Царинската управа, осомничениот е запрен за контрола од страна на мобилен царински тим во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински кесички и 48 пакувања со никотински кесички снус, кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги.
- Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да му биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки, кои се предмет на шверцување - цигари без акцизни маркички и царинска измама - прецизираат од Царинската управа.
По целосното завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело шверцување.
МИА
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
