Откако го соборил со голи раце сега го чува во својот двор - еве зошто

Аслан Шаулахов од руско село Далаково со голи раце успеал да собори волк за да ги заштити своите деца.
Гладниот бел волк се спуштил во селото по долгата зима и стигнал со дворот каде си играле децата на Аслан. Тој истрчал од куќата, и успеал да ги заштити децата соочувајќи се со прегладнетиот ѕвер.
- Волкот пристигна на еден метар од мене, лице во лице. Се гледавме во очи и помислив дека би било добро да викам. Ме нападна, ми ги изгриза рацете, но успеав да го фатам за глава, почнав да се вртам и така успеав да го заробам и да го спречам и понатаму да ме гриза. Бидејќи ги слушаа моите виктници, соседите веднаш притрчаа во помош и успеавме да му ја врземе њушката и шепите, раскаѓува Шаухалов, кој сега го држи волкот во заробеништво.
Соседите твдрат дека го имаат воочено и претходно волкот и дека се посомневале дека ми можел да ги нападне нивните животни, но дека не им паднало на памет дека децата се во опасност. Волкот беше млад и изгладнет, а инаку е вистинска реткост да се симнат во селото, пренесува српски Блиц.
- Овакво нешто никогаш не се случило. Нашите деца слободно се движат на улиците, не сакам ни да си помислам што се можело да се случи, вели претседателот на селото Дауд Акијев.
Лекарите веднаш му ги санирале раните на Аслан, а ветеринарите му препорачале да го задржи околу 20-ти дена, за да се утврди дали животното има беснило или некоја друга болест со која би можел да го зарази.
- Кога ќе помине тоа, ќе го пуштам во природа, некаде далеку од луѓето. До тогаш ќе го хранам и појам. Тој добро јаде и пие, единствена пречка е тоа што многу завива ноќе, највероватно го повикува својот чопор, вели Шаухалов.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
