Откако го одбила ја претепал па ја силувал на паркинг во Сопиште, обвинение за 37 годишен скопјанец
Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.
Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне.
Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Промоција на поштенска марка за 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
-
Трамп ги удвои царините за железо и челик
-
Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас во Преспа ќе го посети природниот парк Езерани
-
АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава
-
Зеленски ја предупреди Европа за планови на Русија во Белорусија
-
Ли Џе-Мјунг: Изборитете беа „судниот ден“ за воведувањето воена состојба во Јужна Кореја
-
Сончево и топло, температура до 35 степени
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико