Отишла да се пораѓа - докторот ја пцуел и и го убил бебето
Шокантна приказна доаѓа од Винковец, Хрватска, од Фејсбук групата "Искуства на мајките во хрватските породилишта". Таа тврди дека нејзиното бебе се родило мртво бидејќи нејзиниот доктор не сакал да и направи царски рез.
Според нејзините зборови, таа во породилиштето дошла во 5 часот наутро кога добила породилни болки. Во 7 часот и 30 минути и го пукнале водењакот и идале контракција. отворена била четири прста, но така останала 13 часа.
Околу 12 часот и 30 минути била отворена 9 прсти и бебето било во ред. Во 16 часот потпишала за царски рез, но докторот не сакал да ја породи на тој начин.
Во 20 и 30 вели дека почнал пеколот. Докторот ја терал да скока иако му велела дека и се врти. Ја навредувал и викал, па ја стискал по стомакот. Таа родила мртво бебе, иако претходно слушнала како му чука срцето.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари