Македонија
24. August 2017 - 13:51

Oтчет на сработеното на градоначалникот на општина Василево

Реконструкци, изградби, асфалтирања, урбанизаци, организација и подршка на настани и манифестации, проекти во функција на подобрување на секојдневието на целокупното население се дел од активностите сработени изминатите четири години во општина Василево, изјави градоначалникот Ванчо Стојанов.

- Како резултат на сите тие идеи и приоритети беше пуштен во употреба системот за водоснабдување во населено место Чанаклија. За снабдување со здрава и чиста вода за 160 домаќинства за ова населено место. Во оброзаванието кое има клучна улога во развојот и формирањето на младите личности вложени се вкупно 39.600.000 денари за изградба на ново училиште во село Едрениково и целосна  реконструкција на училиштето во населено место Чанаклија, рече Стојанов.

Според Стојанов, локалните власти го реконструирале училиштето во населено место Радичево, поставиле парно грење во училиштата во Добрашинци, Нова Малаа, Чанаклија и Сушево, целосно се реконструирани тоалетите во училиштето Гоце Делчев во Василево.

- Изградбата на детската градинка Прва Радост во Василево преставуваше и прва радост за најмалите од нашата Општина. Беа финансирани 180.000 евра обезбедени од ИПА програмата за преку гранична соработка со Република Бугарија. Дополнително на тоа беше финансирана и пристапната патека и паркингот до самата градинка, рече Стојанов.

Според првиот човек на Василево, општината вложувала и во спортот, спортски игралишта, подобрување на патната и комуналнат аинфраструктура, но помагала и за локален економски развој.

- Општина Василево има свои четири индустриски зони на поврашина од 140 хектари и за краток период ќе бидат изградени уште многу капацитети во овие индустриски зони. Дополнително на тоа во моментот е во финална фаза донесувањето на урбанистички план за нова индустриска зона и проширени урбанистички планови за населените места Владевци, Градашорци, Ангелци, Василево и Пиперево. Магистралниот пат покрај индустриската зона е целосно осветлен и овозможени се сите содветни услови за привлекување на инвеститори, рече Стојанов.