Отчет на градоначалникот на Кавадарци
Отчет за сработеното во изминатите четири години поднесе денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов. Тој рече дека е реализиран висок процент на проекти. Нагласи дека Кавадарци е град со најниска стапка на невработеност.
- Локалната самоуправа, јавните институции и претпријатија се со ниска задолженост и без проблеми ги извршуваат своите надлежности. Кавадарци е град кој е еден од најпосакуваните за живот во Република Македонија, изјави градоначалникот.
Панов информираше дека се реализирани стотина проекти кои во значителна мера го имаат подобрено квалитетот на животот на жителите во општината.
Се осврна на решениот проблем со водоснабдувањето, проект реализиран од локалната самоуправа со помош на Владата. Ги спомена и доградбата на кејот на реката Луда Мара, реконструкцијата на три моста, изградбата на концертна сала на основното музичко и балетско училиште, новата градинка, инвестиции во градинки и училишта, изградбата на НВО и бизнис центар, Музеј на вкусовите, почеток на изградбата на брзиот пат Дреново-Фариш и многу други комунални и инфраструктурни проекти кои беа реализирани во градот и селата.
Панов се задржа и на други проекти кои се однесуваат на здравството, социјалата и други сфери од животот.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство
-
Данска ја промени политиката – проширувањето на ЕУ и’ стана приоритет
-
Греко го затвори надзорот – Македонија со напредок во борба против корупцијата