-->
-->
ОТА: веројатно се следеле комуникациите на вмешани во "Рекет"
-->
Директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски откри дека за случајот "Рекет", агенцијата слушала разговори на осомничените. Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви, изјави Ангеловски.
Тој ова го изјави по денешната посета на собраниската комисија за надзор на комуникации. Претседателот Емил Димитриев изјави дека во моментов се прислушкуваат 159 телефонски броеви.
За сите, комисијата утврдила дека ОТА поседува уредна судска наредба.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
