Осветен светиот крст на новата црква во Македонија

Во росоманското село Трстеник денеска беше осветен светиот крст на новоизградената црква "Свети Петар и Павле", со чинот на осветување чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, владиката Агатангел.
- Како и за сите христијани и за нас е убаво да имаме црква во селото. Црквата со градба ја започнавме во јуни 2014 година. Имаме црковен одбор кој се грижи за прилозите кои се даваат и како доаѓаат средствата така ја градиме. Досега немавме црква. Ние бевме село без црква.Тоа сакаме да го исправиме.Сакаме да имаме величествен храм .„Свети Петар и Павле“, ја градиме сите жители сложно, мислам дека нас не обедини изградбата, рече во изјава за медиумите Аце Миревски, претседател на месната заедница и додаде дека со години венчавките ги одржувале во Росоман, а погребите директно на гробишта.
Во своето обраќање до присутните, владиката Агатангел повика да си ја сакаме оваа наша татковина, да ја почитуваме, да се сакаме еден со друг и да имаме љубов.
-Утре е прочка. Помладите да одат кај постарите. Братот и сестрата нека се сретнат и нека си простат, порача Агатангел.
Нагласи дека во оваа црква жителите ке си ги извршуваат сите духовни потреби затоа што, како што рече, во овие бурни времиња најпотребен ни е храмот.
Ктитор на црквата е Мирјана Атанасова со семејството.
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
