-->
-->
Осветен параклисот „Св. Климент Охридски“ во Делчево
-->

Митрополитот Брегалинички Иларион денеска го освети параклисот „Св. Климент Охридски“ во Делчево.
Параклисот е изграден на влезот во дворот од средното општинско училиште „Методи Мицевски-Брицо“, на истото место каде до 1961 година се наоѓала црквата „Св. Кирил и Методиј“, која во духот на тогашната идеологија властите ја разурнале.
Со богослужбата начелствуваше неговото високо превосвештенство Иларион во сослужение со повеќе свештенослужители од архиерејските намесништва од Делчево, Кочани и од Штип.
Пред присутните верници меѓу кои и градоначелникот Дарко Шехтански беше прочитана повелбата за пренесување на новоизградениот параклис во владение на МПЦ-ОА. Ктитор на новоизградениот параклис „Св. Климент Охридски“ е бизнисменот Слободан Дамјанов од Делчево.
Во името на МПЦ-ОА владиката го благослови ктиторот и неговото семејство за овој богоугоден чин и му врачи писмена благодарница.
- Овој несебичен и благороден чин се надевам и очекувам дека ќе ги потикне и другите бизнисмени и заможни луѓе од Пијанечкиот крај во иднина и тие да се појават како ктитори и дарители за изградба на нови храмови и за други хумани дела, рече меѓу другото во беседата митрополитот Иларион во Делчево.
За гостите и верниците присутни на осветувањето ктиторот приреди заеднички ручек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
