Осумнаесет сообраќајки за два дена во Скопје

Сообраќајната полиција изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Вчера се случиле седум сообраќајни незгоди од кои четири со последица материјална штета, а три со телесни повреди во кои полесни здобиле три лица, додека завчера биле евидентирани 11 незгоди од кои две со материјална штета, а девет со телесни повреди во кои полесни здобиле 16 лица.
Изминатите три дена се преземените мерки кон 16 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца се исклучени од сообраќај зашто возеле под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено, на 28 сообраќајната дозвола им била со истечена важност или биле без возачка дозвола, 22 за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон, а 42 биле непрописно паркирани.
Во однос на непрописно паркираните, со пајак служба се отстранети вкупно 63 возила.
Одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на Возачи на ПМВ (мобилен, појас).
Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „25 Мај“ објекти „Пони“ и „Морковче“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба, притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со децата од средна и голема група.
Ново на Сител
-

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
-

Ауди ја престави третата генерација на Q7
-

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500
-

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци
-

САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета
