Осум вработени на Онкологија заразени со Ковид-19

На Универзитетската клиника за радиологија и онкологија потврдени се осуммина вработени позитивни на вирусот ковид – 19, извести денес министерот за здравство Венко Филипче.
Заразените се откриени по вонредниот увод на Државниот санитарен здравствен инспекторат. Клиниката реорганизирано продолжува да работи, но дел од пациентите терапијата ќе може да ја примаат и болниците во Штип, Битола и Тетово.
Завршен е инспекцискиот надзор на Онкологија. Таму се потврдени осуммина позитивни на вирусот Ковид – 19 вработени. Тројца доктори две медицински сестри и двајца болничари. Дваесетмина луѓе кои се нивни контакти се ставени во изолација. Засега нема симптоматски од тие контакти. Работата е целосно во функција, не недостасува некој оддел. Направена е реорганизација таму каде што е потребно. Дополнително на тоа до петок ќе биде спремен новиот распоред за дисперзирано делење на терапијата која што може да се дава и по клиничките болници. Распоредот на пациенти е веќе направен и таа терапија ќе се дели во Штип, Битола и во Тетово како најголеми клинички установи заради тоа што таму има и онколози кои што може да го контролираат давањето на терапијата, а пациентите нема да бидат обврзани да патуваат до Скопје за терапијата – рече министерот Филипче.
Во петок или најдоцна во понеделник терапијата ќе биде поделена на болниците во Штип, Битола и Тетово.
Ново на Сител
-

Инфлација под 3%, цените во маркетите под инспекциска лупа
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
