-->
-->
Осум возила учествувале во сообраќајка на автопатот Штип-Скопје
-->

Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Скопје, која се случи утринава учествувале осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Денеска 23.02.2026, околу 07.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила - соопштуваат од МВР.
Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, а колку лица се повредени во несреќата и за причините најавија дека ќе информираат во текот на денот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
