Свет
25. October 2023 - 9:40

Осум сириски војници загинаа, а седум други се ранети во израелски напад врз областа Даара

Осум војници загинаа, а седум други се ранети во израелски воздушен напад во текот на ноќта во областа Даара, јави сириската државна агенција САНА, цитирајќи сириски воен извор.

Во извештајот се додава дека штета е предизвикана и на локациите погодени од израелските воздухопловни сили, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска утринава соопшти дека нејзините борбени  авиони ја погодиле инфраструктурата на сириската армија и лансирале минофрлачки ракети како одговор на вчерашните напади од Сирија врз Израел.

Војската не соопшти детали за овие напади, јавија британските медиуми.